Утрински Весник
Спорт

Почина легендарниот Жист Фонтен

Почина легендарниот Жист Фонтен

Легендарниот француски фудбалер Жист Фонтен почина на 90-годишна возраст, објави „Лекип“.

dobivaj vesti na viber

Фонтен ќе остане запаметен како единствениот фудбалер кој постигнал рекордни 13 гола на едно Светско првенство (во Шведска 1958 година).

За „галските петли“, постигна вкупно 30 гола на 21 натпревар. Играше за Франција помеѓу 1953-1960 година.

Иако играше на само на еден Мундијал, Фонтен е на четвртото место на вечната листа на најдобри стрелци на Светските првенства.

Само тројца фудбалери имаат постигнато повеќе голови од него: Мирослав Клосе (16), Бразилецот Роналдо (15) и Герд Милер (14), но зад себе имаат повеќе турнири.

Роден е во 1933 година во Мароко, а во клупската кариера играше за УСМ Казабланка, Ница и Ремс.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи