Утрински Весник
Македонија

Почина бабата која беше претепана од својот внук во Битола

Policija Mvr2.png

Битола е во шок по веста дека 79-годишната жена, која пред шест дена беше жртва на свирепо семејно насилство, им подлегна на повредите. Несреќната жена денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите во битолската болница не успеаја да ја спасат од тешките повреди на мозокот и многубројните скршеници, пренесе СДК.

Зад оваа смрт стои нејзиниот 28-годишен внук Т.Р., кој на 17 јануари ја претворил заедничката куќа на улицата „Лавчанска корија“ во сцена од хорор филм. Тој ја блокирал влезната врата со фиока за никој да не може да влезе и да помогне, а потоа со раце ја удирал старицата по главата и телото додека не ја онесвестил.

По крвавиот пир, внукот избегал, а полицијата го пронашла на бизарна локација – како игра во казино во Битола. Наместо слобода, тој сега се соочува со обвинение за убиство.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје и струмичко, фатени се со дрога

Рекордни 600 филмови аплицирале за 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен

МЕПСО со повик до земјоделците да внимаваат на далекуводите