Утрински Весник
Македонија

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени

Img 5298.jpeg

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски информираше дека Македонија е подготвена да обезбеди медицинска помош по трагичната несреќа што се случи во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита.

Како што соопшти Муцунски преку социјалните мрежи, по консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, тој денеска остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.

Во разговорот, министерот изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, со желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Муцунски истакнал дека државата ја изразила својата подготвеност да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во македонските здравствени установи. Дополнително, доколку се појави потреба, подготвени се и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување.

„Поддршката во вакви моменти е од суштинско значење. Целосно стоиме на располагање на нашите швајцарски пријатели во справувањето со оваа трагедија“, порача Муцунски.

Можете да прочитате

Презентирана програмата на годинешното 66. издание на Охридско лето

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски