Утрински Весник
Македонија

По пет години пауза, повторно летови меѓу Скопје и Доха

Qatar Airways Africa Business Communities.5d1980509d902384ff1c11754ca09153.jpg.pagespeed.ce .t95u8vywou.jpg

„Катар ервејс“ (Qatar Airways) ќе ги обнови летовите меѓу Доха и Скопје во 2025 година после петгодишна пауза.

Авиокомпанијата планира да воведе „барем една нова рута“ до Скопје, што укажува на можноста оваа услуга да вклучува застанување во друг град или позиционирање на Скопје како транзитна точка до друга европска дестинација.


Претходно, Катар ервејс оперираше неколку линии во регионот со слични аранжмани. На пример, летовите до Загреб првично одеа преку Будимпешта, услугите за Белград беа оперирани преку Анкара, а подоцна и Софија, додека летовите до Букурешт вклучуваа попатна станица во бугарскиот главен град. Со текот на времето, сите овие правци беа надградени со директни летови, пишува Ex-Yu Aviation.

„Катар ервејс“ започна со работа кон Скопје во 2017 година, но ги прекина летовите до македонскиот главен град во март 2020 година на почетокот на пандемијата на коронавирус. Во тоа време, авиокомпанијата одржуваше три ротации неделно меѓу двата града користејќи авион Ербас А320.

Можете да прочитате

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември