Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силен северен ветер (над 60 км/час)!

Meteoalarm.mk 72.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во нашата Република Македонија ни следува претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Сепак ќе биде значително посвежо со голем пад на температурите на воздухот, особено наутро и во ноќните часови кога температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу, па дури и под 10 степени. Сепак, како што претходно најавив, врнежи кај нас до крајот на оваа недела нема да има, што значи дека сушниот период и понатаму ќе продолжи.


До крајот на денов (четврток 10 јули) ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.

И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до максималните дневни температури на воздухот, тие најниски ќе бидат денес (четврток 10 јули) кога ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Можете да прочитате

Активни пожари кај Дебар, Липково, Чашка

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Средба Муцунски – Петрова во Софија