Утрински Весник
Македонија

ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури, снег е можен во Алпскиот регион

Gfs 1 150.png

очитувани мои, по екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули.

Потпросечни температури следната седмица очекуваме и во поголем дел од регионот, како и во нашата Македонија. Дури во Алпскиот регион е можна  и појава на врнежи од снег, особено на највисоките места, и тоа особено кон крајот на овој, како и на самиот почеток на месец август.

Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат  и условите за појава на локални временски непогоди.

Локални временски непогоди се очекуваат  и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во нашата Македонија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице