Утрински Весник
Спорт

„Платен сум како да сум јуниор“

„Платен сум како да сум јуниор“

Серхи Роберто пред половина година потпиша нов договор со Барселона и се откажа од многу пари за да остане на „Камп Ноу“ и да помогне во финансиската стабилизација на клубот.

dobivaj vesti na viber

Неговиот договор е до крајот на сезоната и сака да го продолжи. Наводно, се согласил на намалување на платата од девет милиони евра на три милиони годишно.

„Во моментов ме плаќаат како да сум јуниор, како сум приклучен од Б-тимот. Сепак, горд сум затоа што сакам да бидам тука. Парите не ми се важни”, изјави 30-годишниот фудбалер, кој во последно време е на удар на навивачите поради лошите игри, но и фактот што долго време не се согласуваше да го намали договорот.

„Последниве неколку години не уживав во играта бидејќи не бев физички подготвен. Поради повредите минував низ тежок период, но убеден сум дека следната година ќе биде поинаку. Ќе бидам подобар од било кога“.

Еден од четворицата капитени на Барселона се уште не знае дали ќе остане во клубот.

„Не знам… Чави ми кажа дека сака да останам, но се уште не сме почнале да преговараме за нов договор“, изјави Роберто, кој за Барселона одигра 328 натпревари и постигна 14 гола со 39 асистенции.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност