Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Живееме како сиромашни работници со богати газди

Slobodan trendafilov ssm.jpg

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес на прес-конференција ги повика сите работници утре да дојдат во Скопје и да се изборат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

– Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште побогати во Владата. Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете дека сакате вашата плата да се зголеми“ – вели Трендафилов.


Тој меѓудругото порача и дека ССМ нема да се откаже од борбата за повисоки плати и подобри услови за работа на работниците.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс