Утрински Весник
Свет

Лариџани: Ормускиот теснец е небезбеден поради „пожарот што го запалија САД и Израел“

20260309181326 big 730x400 82.webp.webp

Командантот на иранскиот Совет за безбедност, Ари Лариџани, денеска изјави дека Ормускиот теснец е небезбеден за поминување „поради пожарот што го запалија Соединетите Американски Држави и Израел“.

Според него, безбедноста во Ормускиот теснец не може да биде обновена сè додека трае војната со САД и Израел, пренесе Ал Џезира.


Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека Франција и земјите сојузнички подготвуваат „одбранбена мисија“ за повторно да го отворат Ормускиот теснец, Лариџани рече дека такво нешто е „малку веројатно“ додека трае војната.

Макрон претходно денеска, за време на посетата на Кипар, најави формирање на „чисто одбранбена“ мисија со цел отворање на теснецот.

– Во процес сме на воспоставување чисто одбранбена мисија за придружба, која мора да биде подготвена заедно со европските и неевропските држави. Таа треба да овозможи, штом тоа биде изводливо, придружба на контејнерски бродови и танкери за Ормускиот теснец постепено повторно да се отвори – изјави Макрон, инсистирајќи на „мирољубивата“ цел на мисијата.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд