Утрински Весник
Македонија

Се степале во локал во тетовско, па на паркинг оштетиле такси возило и го нападнале возачот

Taxi.webp.webp

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино, општина Желино, С.И.(46) од с.Требош, тетовско и И.К.(38) од с.Прељубиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

На 07.12.2025 во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што подоцна на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го нападнале возачот.


Можете да прочитате

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица