Утрински Весник
Македонија

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од полицајците од граничниот премин „Деве Баир“ – ја нема објавата. На неговиот профил на „Фејсбук“, не може да се најде статусот на кој во црвен круг беше заокружен еден од полицајците на границата.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ упати четири прашања до Стојанов кого го прашавме дали го дознал идентитетот на полицаецот, зошто му била потребна оваа информација, дали дал 200 евра за оваа информација, но и зошто го избришал статусот од социјалната мрежа „Фејсбук“. До моментот на објавување, не добивме одговор на ниту едно прашање.

Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.

Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.

Можете да прочитате

Летоци со повик за бојкот на изборите во скопски Чаир – „Ако си муслиман не гласај“

Прегазено дете во Велес: со тешки повреди пренесено во Скопје

Дерала: Верувам дека ќе имаме изборен ден кој ќе покаже дека македонското општество е зрело и тежнее кон демократија