Утрински Весник
Свет

Пикап удрил во група луѓе на Денот на независноста во Њујорк

Screenshot 6.jpg

Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап удри во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија локалните власти.

Началникот на њујоршката полиција Џефри Медри изјави дека Форд Ф-150 се движел со голема брзина, поминал на раскрсница и на знак за стоп пред несреќата во паркот Корлирс Хук на Менхетен.

Тој додаде дека две лица загинале на лице место, пренесува АП.

Меѓу повредените, четири лица се во критична состојба, три се тешко повредени, а двајца се полесно повредени, изјави помошник началникот на Њујоршката противпожарна служба, Мајкл Мејерс.

Инспекторите не веруваат дека несреќата е терористички чин, изјавија на брифинг со новинарите Мадри и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.

Мадри додаде дека на возачот му било извршено алкотестирање и дека се претпоставува дека употребата на алкохол е причина за несреќата.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог