Утрински Весник
Свет

Фараж првпат влегува во британскиот Парламент, Шапс и Трус ги загубија пратеничките места

20240705090121 Big 730x400 22.webp.webp

Лидерот на британската десничарска Реформска партија, Најџел Фараж, за првпат освои место во парламентот како претставник на англискиот град Клактон, победувајќи го конзервативниот Жил Ватлинг. .

Британските медиуми пренесуваат дека со минатомесечната одлука да се кандидира за пратеник, Фараж успеа значително да ја зголеми поддршката за неговата партија ширум Велика Британија.

-Има огромна празнина во десниот центар на британската политика и моја работа е да ја пополнам и тоа е токму она што ќе го направам, рече Фараж по објавувањето на вчерашните изборни резултати.

Тој нагласи дека во следните неколку години планира да изгради национално движње во земјата за во 2029 година да може да ги предизвика лабуристите.

Според излезните анкети, се очекува Реформската партија да освои 13 места во парламентот.

Од друга страна, министерот за одбрана Грант Шапс и Пени Мордант, претседателка на Долниот дом, ги загубија своите места во Парламентот. Местото во парламентот го загуби и поранешната краткотрајна британска конзервативна премиерка,Лиз Трас, која же биде заменета со лабуристот Тери Џерми. Трас беше британска премиерка само неколку недели во 2022 година, пред да поднесе оставка.

На вчерашните општи избори во Велика Британија лабуристите освоија 410 од вкупно 650 места во Долниот дом на Парламент, покажуваат излезните анкети, со што заврши 14-годишното континуирано владеење наконзервативците.

Излезните анкети покажуваат дека Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак ќе освои само 131 место, што е нивен најлош изборен резултат од Втората светска војна, пренесоа британските медиуми.

Можете да прочитате

Тело на новороденче пронајдено во канта за ѓубре, уапсени маж и жена во Лондон

Трагедија во Швајцарија: Три лица настрадаа кога се урна скеле на зграда висока 60 метри

Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица