Утрински Весник
Македонија

Пијан возач удрил во трактор со приколка, повредени три лица

Traktor 2.jpg

На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица – с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете од Радовиш, додека со телесни повреди Ѓ.И.(70) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило М.Т. возел под дејство на алкохол, односно имал 1,17 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп