Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт

3 3.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од прес-конференција, Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ

СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат на власт.


Да не беше СДС, Заев и Филипче, криминалот на ДУИ немаше да биде возможен.

Не е само криминалот од 8 милиони евра. Груби и ДУИ ја претвориле Лотарија во нивна приватна фирма, делеле тендери и пари како да се работи за семеен бизнис, а не за државно претпријатие со пари на граѓаните.

Артан Груби не беше сам во криминалот. СДС со нивната желба за власт по секоја цена му го овозможија тоа.

СДС знаеше дека во моментот кога ќе поведе постапка против Груби, владата им паѓа, затоа го толерираа, а подоцна и му се приклучија.

СДС со денови прават приказни, а секој знае дека се што правеше Груби знаеја во СДС, но молчеа од страв.

СДС излезе на избори со надеж дека таквиот тандем ќе продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред изборите, и во текот на целото криминално работење на Груби кажуваше дека одговорност ќе има. И тоа и се случува сега. Одговорност за секој украден денар народни пари ќе има.

Можете да прочитате

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025