Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Brane Petrushevski 25.11.2024.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските пратеници се популистички и дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ.

„Многу популистички амандмани кои што многу добро знаат дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ, дека не знам некој друг ги правел буџетите. А, од друга страна истите имаат дваесетина буџети кои што ги правеле во изминатиот период. И јас би сакал да прашам било кој претставник од ДУИ да ми каже, во кој од тие дваесет буџети кога ги правеле земале во предвид учество на опозиција и во делот на албанската опозиција и во делот на ВМРО-ДПМНЕ кој што биле опозиција и колку наши предлози во тие периоди биле прифаќани и покажувале. Каков демократски капацитет како што сега од опозиција на опозиција многу добро го прават тоа”, рече Петрушевски.

Тој посочи дека Општина Липково од тековниот буџет за 2024 година имало добиено 55 милиони денари за три проекти.

„Меѓутоа фактите и бројките се немилосрдни, Општина Липково само за овој буџет тековен 2024 година има добиено пари од 55 милиони денари за три проекти. Едниот е регулација на речното корито во делот на Оризари, има за локален пат така што не може да се настапува од перспектива дека граѓаните на Липково не добиле ништо. Напротив, добиле многу и тоа не се проекти за коешто одлучило владејачкото мнозинство или пратениците туку напротив тоа се проекти за кои што аплицирал градоначалникот на општина Липково кој што за среќа или несреќа на липковчани е од ДУИ”, истакна Петрушевски.

Петрушевски демантираше дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ, бидејќи Општина Липково имало добиено средства многу повеќе за разлика од другите општини.

„Така што, тезата дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ не држи вода. Затоа што во тековниот буџет Општина Липково има добиено 55 милиони денари за 3 проекти. Многу повеќе од некои други општини кој што добиле помалку средства за разлика од Липково, што е добро и за поздравување, бидејќи доаѓам од изборна едница 2″, посочи Петрушевски.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити