Утрински Весник
Македонија

Петровска: Во СДСМ мора да има одговорност, но сега не е моментот за оставки

Img 0438.jpeg
Dik 300x250 mk

Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има одговорност, но дека е важно процесот да биде внимателен и насочен кон заздравување на организацијата.

„Одговорност, се разбира, дека мора да има, и истата треба да се посочи. Е сега, како натаму таа ќе се рефлектира – дали тоа ќе бидат оставки, разрешувања и така натаму – тоа е следен чекор,“ изјави Петровска во гостување на Канал 5.

Таа нагласи дека целото раководство, како и членството, треба да ја преземат својата улога во анализата на поразот.

„Сите ние кои сме дел од СДСМ имаме дел од одговорноста, и не можеме истата да ја сведеме само на лидерот или на кандидатите,“ порача Петровска.

Иако не ја исклучи можноста за оставки, таа оцени дека во моментов најважно е СДСМ да најде начин како да се издигне и да се консолидира по изборниот резултат.

„Моето прашање е како СДСМ да го преживее ова и како да се издигне над сето ова,“ додаде таа.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи