Утрински Весник
Македонија

Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот „JLTV Oshkosh“

Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот „JLTV Oshkosh“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила „JLTV Oshkosh“, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, истакна Петровска.

Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години, појаснуваат надлежните.

Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила, како што е наведено во информацијата, се менува ликот на Армијата, се зголемува нејзината борбената готовност и се зацврстува безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата.

Можете да прочитате

ЕБР и полицијата спречија бегство на убиецот од Штип – уапсени петмина и извадени пред суд

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка