Утрински Весник
Македонија

Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот „JLTV Oshkosh“

Петровска: Пристигнуваат нови 26 оклопни возила од типот „JLTV Oshkosh“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила „JLTV Oshkosh“, наменети за Армијата на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, истакна Петровска.

Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години, појаснуваат надлежните.

Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила, како што е наведено во информацијата, се менува ликот на Армијата, се зголемува нејзината борбената готовност и се зацврстува безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата.

Можете да прочитате

Филипче: Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски – изборот е јасен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозициска клупа нуди уставни измени, ни недела од новата влада, а веќе коленичи пред Радев

СДСМ: По ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ