Утрински Весник
Македонија

Петровска не застанува го потпиша новиот Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата

A50310f5 B019 40d2 B4ab 106dd4a2b619.jpeg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во Министерството за обрана го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата.

Со овој Колективен договор, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

„Драго ми е што после период на разговори и усогласување, денеска новиот Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата стана реалност. Со тоа исправаме една неправда кон вработените во одбраната кои се навистина значаен дел од нашиот систем. Го зголемуваме нивниот стандард и ги мотивираме да продолжат да бидат професионалци чие знаење и искуство помогна Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата“, рече министерката.

Петровска се заблагодари на репрезентативниот синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите кои доведоа до потпишување на овој Колективен договор.

Една од одредбите на новиот Колективен договор е исплатата на надоместок за закупнина за сите вработени во одбраната, надоместокот од 100% при боледување за сите вработени во Министерството, вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ