Утрински Весник
Македонија

Петровска кон ВМРО-ДПМНЕ: Срам да ви е!

Slav Anka Petrovska.jpeg

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска се обрати на социјалните мрежи со реакција на бројните пожари низ државата и реакцијата на централната власт.

„Срам да ви е на неспособноста навремено да го активирате НАТО механизмот и да побарате поддршка за гаснењето на пожарите. Срам да ви е на неспособноста да управувавате со системот за кризи, таков каков што е. Срам да ви е што лажете и не кажувате дека и МВР и Армијата изминатите години ги зголемија своите капацитети за ваква намена. Срам да ви е за лицемерието да се сликате со пожарникарите, полицајците, припадниците на Армијата и сите кои учествуваат во гаснењето, а да гласате против амандманот за нивна парична награда.

Срам да ви е за лицемеритето да зборувате за што треба да се направи, ама да гласате против амандманот за зголемување на платите на пожарникарите. Срам да ви е за неспособноста да ја спроведете реформата за системот за управување со кризи која е подготвена од експерти. Срам да ви е како власт да плукате по сите, ама вие по цели денови да сликате и да си терате лични агенди. Ама за да ви е срам, треба да има чувство на одговорност, а вие тоа го немате. ДПМНЕ плачковци“ вели Петровска во својот статус.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат