Утрински Весник
Македонија

Петровска и Рамадани: Евроатлантскиот совет е столбот на атлантизмот во државата

Петровска и Рамадани: Евроатлантскиот совет е столбот на атлантизмот во државата

Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска и претседателот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Исмет Рамадани го потпишаа Меморандумот за соработка кој предвидува голем број на заеднички активности со една основна цел – развој на демократијата и зацврстување на евроатлантските вредности во македонското општество.

dobivaj vesti na viber

Министерката Петровска на состанокот порача дека невладиниот сектор има значајна улога во развојот на општеството и порача дека како и досега, Министерството за одбрана останува посветен партнер во реализацијата на активностите на оваа организација.

„Евроатлантскиот совет е столбот на атлантизмот во државата. Вашата посветена работа во ширењето на евроатлантските вредности, особено кај младите кои се и нашите идни лидери е од круцијално значење за развојот на нашето современо, европско и демократско општество“, рече министерката и додаде дека Евроатлантскиот совет секогаш на Министерството може да гледа како партнер и силен поддржувач.

Претседателот на Евроатлантскиот совет, Рамадани се заблагодари за континуираната поддршка од министерката Петровска и Министерството и порача дека заедно и здружени можеме да ги внесеме евроатлантските вредности кај младата популација, која покажува силен интерес за сето она што претставува Алијансата и за нејзината улога во заштитата на безбедноста и стабилноста на територијата на НАТО.

„Се согласивме да ги обединиме силите за промоција на евроатлантските вредности, јакнење на капацитетите и забрзување на реформите, како и целосна поддршка на демократијата, човековите права и владеењето на правото. Во наредниот период, ќе се работи на многу заеднички проекти, тренинзи и иницијативи преку неколку програми за различни групи на граѓани. Веќе од крајот на март 2023, предвидено е заедничко одржување на неколку настани по повод членството во НАТО и денот на НАТО.“, истакна Исмет Рамадани, претседател на Евро-атлантскиот совет за време на потпишувањето на Меморандумот.

Меморандумот за соработка опфаќа поголем сет на заеднички активности меѓу кои и меѓусебна поддршка во активностите за справување со хибридни закани, особено борбата со дезинформациите кои имаат потенцијал да ги поткопаат демократските вредности и слободи.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“