Утрински Весник
Македонија

Петровска: Денес сме рамноправна членка на НАТО и водиме преговори за наше членство во ЕУ, за тоа беше потребна храброст, решителност и државнички однос

Img 6683.jpeg

„Мене ми е голема чест што сум носител на листата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 6. Можеби се прашувате зошто јас скопјанка носителка на оваа изборна единица. Затоа што си ја сакам Македонија и ги сакам различностите, и затоа што ги сакам луѓето кои ги носат различностите. Затоа што Пологот е Македонија во мало. И најважното затоа што имаме толку многу да направиме, за подобра и европска иднина на сите нас,“ порача од граѓанскиот митинг во Тетово, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и носителка на листа од ИЕ 6 на СДСМ.
Таа се осврна на времето пред само 7 години, дека Македонија беше изолирана, заробена, сиромашна и внатрешно поделена држава. А денес сме рамноправна членка на НАТО и водиме преговори за наше членство во ЕУ.
„Но, за да го постигнеме ова беше потребна храброст, решителност и државнички однос. Носење на храбри и државнички одлуки. И токму тоа го направи СДСМ. Пред четири години и официјално станавме 30 земја членка на НАТО и ја реализиравме првата од двете стратешки цели. Цели за кои зборуваа сите многу години. НАТО донесе стабилност, безбедност, трајно обезбедување на нашите граници, а територијалниот интегритет на нашата држава веќе никогаш нема да биде доведен во прашање,“ посочи Петровска.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи