Утрински Весник
Македонија

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од собраниската говорница ја повика Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на Јавниот оглас за прием на професионални војници и да се увери дека тоа е процес кој се базира на правила и процедури во Министерството и Армијата.

dobivaj vesti na viber

„ Одговорен за спроведувањето на огласот е Министерството за одбрана и тој како таков ќе биде спроведен. Нема никаква потреба од поништување затоа што во изминатиот период во Армијата се покажа дека важат исклучиво професионалните стандарди, и тоа не се само мои констатации, тие констатации се дадени во неколку месечните оценувања на Армијата. Комисијата е добредојдена одблизу да го следи спроведувањето на овој оглас и да се увери во тоа”, рече Петровска во одговор на пратеничко прашање.

Можете да прочитате

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон