Утрински Весник
Македонија

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Meteoalarm.mk 14 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на почеток на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Џенова но и на ладна воздушна маса која ни е присутна од север во петок (2 Јануари) особено во западните предели ќе имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места (градовите) додека на повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег и таму ќе се формира снежна покривка од над 15 сантиметри. Повремено врнежи од влажен снег ќе има  и во дел од градовите во западните предели во петок на 2 Јануари.

Повремени врнежи од дожд или од дожд и од снег ќе има и во Скопје  и околината во петок на 2 Јануари.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Наутро температурите во петок на 2 Јануари во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени а на повисоките населени места  и на планините температурата повторно може да се спушти и под -10 степени. Во Скопје  и околината во петок на 2 Јануари наутро температурата ќе се спушти до околу -5/-6 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 3/4 степени.

Можете да прочитате

Огнот проголта 20 дуќани во Шуто Оризари – зад себе остави само пепел

Зел 7.500 па побарал уште 10.000 евра мито, се бара притвор за помошник директорот во Царина

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност