Утрински Весник
Свет

Петкатна зграда оштетена од земјотресoт се урна во турскиот град Малатија

Петкатна зграда оштетена од земјотресoт се урна во турскиот град Малатија

Во турскиот град Малатија денеска се урна петкатница која беше тешко оштетена во земјотресот на почетокот на февруари.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога тоа се случило, јавува „Анадолија“.

Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.

Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени, Мурат Курум, пренесува „Анадолија“.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам