Утрински Весник
Свет

Петгодишно момче прегазено од комбе во Велика Британија: се наведнало да си ги врзе врвките од чевлите

Петгодишно момче прегазено од комбе во Велика Британија: се наведнало да си ги врзе врвките од чевлите

Страшна трагедија ја погоди Велика Британија кога комбе удрило петгодишно момче бидејќи возачот не видел кога момчето се наведнало да си ги врзе врвките од чевлите.

dobivaj vesti na viber

Возачот на комбето, Дарен Жак (40), е прогласен за виновен за смртта на Лејтон Дарвуд во Њукасл, Англија.

Лејтон, во друштво на уште три деца, отишол во блиската продавница за да купи слатки и други продукти за пикникот.

Според достапните снимки од камерата, Жак го паркирал своето комбе покрај тротоарот пред да влета во продавницата и да купи шише алкохол. Бил забележан како ја напушта продавницата и трча покрај Лејтон и другите деца.

Кога Жак се вратил во возилото, не го видел Лејтон и тркалата на комбето го прегазиле момчето, пишува „Дејли мејл“.

Наредникот Алан Кинлајсад пред поротата за време на судењето изјави дека Жак бил свесен дека децата се таму и дека требало да биде повнимателен.

Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, Жак дал лажни информации за себе, вклучувајќи име, презиме, датум на раѓање и адреса. Подоцна рекол дека го направил тоа затоа што го фатила паника.

Обдукцијата утврдила дека од силата на тркалата на комбето момчето добило повреди фатални за животот.

Можете да прочитате

Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил

Американски војник осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држа

Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг доживеал срцев удар