Утрински Весник
Свет

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

20240420125217 Big 730x400 75.webp.webp
Ss2

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, во американската сојузна држава Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Ss1

Тинејџерите започнале „прсметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

– Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин… Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк, изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина