Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок

Bo Macaliev Mitko Scaled.jpg
Ss2

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав  колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот ден, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале”, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

300x250 (7)

Ss1

Можете да прочитате

Забрчанец: Мора да сме одговорни кон слободата, таа денес е под најголема закана од 2017 година наваму

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, заедно да продолжиме да работиме за просперитетна и модерна држава за сите

Кривична пријава за директорот на ЈП „Пазари“ од Битола, склучил договор и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар