Утрински Весник
Македонија

Пет милиони денари се инвестираат во детски игралишта и катчиња во Штип

Screenshot 1.png

Општина Штип во летниот период ќе инвестира во шест игралишта, детски катчиња за најмладите, од буџетот издвоени се пет милиони денари за нивна реализација, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој денеска изврши увид во изградбата на новиот забавен парк „Пролет“, кај стариот Градски пазар и зградата на СВР-Штип. Во рамките на овој забавен парк предвидени се низа на содржини, а децата ќе можат да играат шах, не лути се човече, икс – точка и други игри. Се очекува паркот да биде завршен за две недели. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека летниот период освен забавниот парк, ќе се постават детски катчиња во неколку населени места во градот.

-Овде се започнати активности за изградба на еден забавен парк веднаш до постоечките детски реквизити. Станува збор за една содржина која верувам дека ќе ги анимира најмладите, затоа што летните месеци се вистинска причина да се создадат детски катчиња, преку кои тие ќе се анимираат. Освен оваа содржина се предвидува во неколку населби да се изградат детски катчиња во Железничка, Балканска, Чардаклија и други, вели Јорданов.

Тој упати апел до граѓаните, пред сè до помладите да не го уништуваат она што се поставува на јавна површина. Детските катчиња се за граѓаните и во нивен интерес и затоа треба да се чуваат. Апелира родителите повеќе да работат на свеста на нивните деца.

-Мора да се работи и на подигање на јавната свест. Целата урбана опрема која се поставува на јавна површина е во интерес на граѓаните и треба да се чува. Упатувам апел и во оваа прилика дека сето она кое ќе се изгради, рационално да се користи, изјави Јорданов.

Забележа она што се прави и се поставува е согласно Програмата за развој на градот и тоа се навремено одржува од страна на надлежните. Ако се чува и од страна на граѓаните ќе може рационално и подолго да се користи.

Можете да прочитате

Случајот е затворен: Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака

Обвинение за пет лица во случајот „Грчец“

СДСМ бара ДКСК да го истражи случајот на синот на Мицкоски