Утрински Весник
Свет

Пет лица повредени во пожар на карневал во германскиот град Кил

Feuer Auf Traditionsschiff Stadt Kiel Image Group.webp.webp

 Најмалку пет лица се повредени, од кои едно потешко, кога се запалила платформа на карневал во германскиот град Кил.

Еден од повредените се здобил со тешки изгореници и со хеликоптер е пренесен во болница.

Според првичните сознанија на полицијата, пожарот го предизвикала експлозија на карневалската платформа. 

За да се спасат од пламените јазици, неколку луѓе скокнале од платформата на улицата по која се движела каревалската поворка.

Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот, а парадата, која ја следеле десетици илјади луѓе, е прекината.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена