Утрински Весник
Свет

Песков со ултиматум до Канада: Или да ни го испорача нацистот или сами да му судат

Песков со ултиматум до Канада: Или да ни го испорача нацистот или сами да му судат

Канадските власти се обврзани или да го екстрадираат нацистот Јарослав Хунка (98) или самите да му судат, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Песков додаде дека Русија би сакала да види меѓународна реакција на аплаузот на канадскиот парламент, со кој пратениците и премиерот на таа земја, Џастин Трудо, заедно со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го поздравија стариот нацист, чие појавување ја вознемири јавноста.

„Фактот што Зеленски му аплаудира на член на СС-дивизијата само уште еднаш ја потврдува нацистичката идеологија на Киев“, додава тој.

Кремљ посочува дека е јасно оти се работи за нацист и дека поради тоа злосторствата што ги извршил за време на Втората светска војна немаат датум на истекување.

Информациите што ги објави американскиот новинар Сејмур Херш за нападот на „Северен тек“ се совпаѓаат со она што го имаат руските специјални служби, изјави денеска Песков коментирајќи го минатогодишниот инцидент, кој се случи на 26 септември 2022 година.

Можете да прочитате

Светски автомобилски гигант ќе почне со продажба на кинески електрични автомобили во Европа

Над 15.000 деца загинаа во израелските напади врз Газа

ЕЦБ: Геополитичките тензии ја загрозуваат стабилноста на еврозоната