Утрински Весник
Скопје

Хоџа: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот

3.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ.

Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е клучен дел од хидромелиоративниот систем за одводнување „Скопско Поле” и прифаќање на атмосферските води.


,,МЖСПП спроведува инфраструктурна офанзива низ целата држава.  На овој начин ги поставуваме темелите за вистински зелен пресврт”, изјави министерот Хоџа и дополни дека во тек е подготовка и на четири други значајни проекти со кои се модернизира комуналната инфраструктура на општина Гази Баба.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на системско решавање на децениските проблеми на граѓаните  и подигнување на квалитетот на животот во секое населено место.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост