Утрински Весник
Македонија

Пешак удрен од автомобил во Тетовско

Policija.webp.webp

На 26.12.2025 во 06:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Брвеница, патничко возило „пежо” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од с.Брвеница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД