Утрински Весник
Македонија

Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме побезбедна и поинклузивна општина за сите нас 

Perinski Vo Chair Zaedno Prodolzhuvame Da Gradime Pobezbedna I Poinkluzivna Opshtina Za Site Nas 2.jpg

Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома”, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, попладнево одржаа средба со граѓаните, претставници на невладиниот и бизнис секторот од општина Чаир.

Дискутираа на повеќе теми, разменија мислења, предлози и идеи за зголемување на сообраќајната безбедност, подобрување на степенот на јавната хигиена, а разговараа како да се надминат и останати предизвици со кои се соочуваат граѓаните. На средбата беа презентирани и планираните измени на Законот за локална самоуправа и како тие ќе делуваат за подобрување на ефикасноста на општината и зголемување на квалитетот на испорачаните јавни услуги кон граѓаните. Дел од присутните побараа да се разгледа можноста за поставување на дополнителна светлосна сигнализација на неколку сообраќајници, а разговараа и за можноста за зголемување на јавната хигиена.


Министерот Перински се заблагодари на граѓаните за нивниот интерес за соработка и им укажа дека поддршката на Министерството и Владата ќе продолжи и во иднина.

„Ме радува интересот на граѓаните активно да учествуваат во  креирањето на решенијата за надминување на одредени проблеми. Дел од нив, ќе бидат надминати со измените на Законот за локална самоуправа и веќе нема да постои простор истите да се создаваат. Министерството и Владата ќе продолжат заедно со Општината да работат на надминување на сите предизвици со цел да се обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани во Чаир. Нам сите граѓани ни се битни, постоиме и работиме за нив, независно од нивната политичка, верска или било каква друга определба”, истакна Перински на средбата со граѓаните од Чаир, на која присуствуваа и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.

Можете да прочитате

Битиќи: Власта „реформира“ – наместо независно, добиваме послушно правосудство

Само два до девет дена, македонските граѓани дишат чист воздух

Борбата на Титани продолжува… – 24info.mk