Утрински Весник
Спорт

Перез пред двете Ферарија во „маратонот“ во Сингапур, но може да ја загуби победата!

Перез пред двете Ферарија во „маратонот“ во Сингапур, но може да ја загуби победата!
Ss2

Асот на Ред бул, Серхио Перез ја заврши маратонската трка во Сингапур на првото место пред Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор во Ферари, но неговата победа е неизвесна откако е под истрага за „попречување“ на безбедносното возило.

dobivaj vesti na viber

Перез победата ја осигура на стартот на трката која беше одложена цел час поради силниот дожд во Сингапур, кога успеа да го помине освојувачот на пол-позицијата, Леклер, но во долгата трка со неколку излегувања на безбедносното возило, тој официјално беше под истрага откако во еден момент се доближи до безбедносното возило и побара тој да побрза.

Лендо Норис и Даниел Рикардо следуваа на четвртото и петтото место, пред Ленс Строл во Астон Мартин, додека светскиот шампион Макс Ферстапен беше  седми по грешката која ја направи во финишот на трката, откако во последните два круга успеа да ги помине поранешните шампиони Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, додека последниот поен отиде кај Пјер Гасли во Алфа Таури.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер