Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ настапува со силна националистичка реторика

Centar 4.jpg

„Не очекувам меѓуетничка криза без разлика кој ќе биде на власт, меѓутоа неспорно е дека главниот опозиционен политички субјект ВМРО-ДПМНЕ кој ја поддржува госпоѓата настапува со силна националистичка реторика и точно е дека од другата страна има националистички провокации кои не би сакале да ги гледаме после триесет и кусур години независна држава“ рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него е непринципиелно да се издвојува една општина во Скопје и да се кажува дека таму има вакви и вакви сознанија, во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ е дел од техничката влада и го има министерот за внатрешни работи.

„Зашто Тошковски не ги уапси луѓето и да каже дека некој да помислите дека ќе имате шанса да направите некаков проблем во изборниот процес. Да реагира МВР промптно и да ги казни тие кои наводно уште сега се закануваат дека ќе биде не знам што на изборниот ден“, посочи Пендаровски.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд