Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Столтенберг: Македонија ќе продолжи со воена, хуманитарна и дипломатска помош за Украина

Пендаровски: Покраиј сите искушенија, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

dobivaj vesti na viber

Двајцата соговорници дискутираа за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, Пендаровски ја реафирмираше поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласија дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Можете да прочитате

Левица: Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

EOGL со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Филипче со земјоделците од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен