Утрински Весник
Култура

Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“

Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“

Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, ја поддржа годината во чест на Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на јубилејот, соопштија од неговиот кабинет.

Програмата за чествување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година: мултимедијална уметничка изложба, омаж на Шопов во рамки на филмскиот фестивал Флипбук, предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов, меѓународно чествување во рамки на Струшките вечери на поезијата, гала претстава, промоција на неговите книги, публикации како и научни собири во негова чест.

Почетокот на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето Шопов, еден основоположниците на македонската современа книжевност, ќе биде одбележано месецов со објавувањето на препев на англиски јазик на избор од поезијата во меѓународното водечко списание за литература Асимптот. Песните се објавени и на македонски, а една од нив може да се слушне во интерпретација на македонскиот актер Никола Ристановски.

На 23 јануари ќе се одржи и Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе биде целосно посветена на јубилејот.

Во рамки на одбележување на 100 годишнината, а по повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба.

Можете да прочитате

Концерт во НОБ – „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“

КИЦ Битола – Конкурс за Вечер на серенади „Ах, таа серендада“ 2023

Изабела Новотни и Владимир Лазовиски актери на Театарот за деца и младинци прославуваат 30 годишен јубилеј