Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Ова е критично време, бројот на сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува

Пендаровски: Ова е критично време, бројот на сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува

Претседателот Стево Пендаровски посочи дека институциите се должни да ги едуцираат учениците за геноцидот врз Евреите. Тој на одбележувањето 80 години од холокаустот на македонските Евреи, посочи дека ова е критично време.

dobivaj vesti na viber

„Ова е критично време кога бројот на преживеани сведоци на Холокаусот се намалува, а антисемитизмот се зголемува. Нашите институции се должни да ги спроведат обврските што како држава ги преземавме на меѓународниот форум за Холокаустот во Малме. А тоа е преку наставната програма и задолжителната посета на Меморијалниот центар на Холокаустот да ги едуцираме учениците за вистината за овој геноцид и да ги заштитиме од опасниот вирус на антисемитизмот“, кажа Пендаровски.

Шефот на државата потсети и на моралната обврска која ја имаат граѓаните.

„Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: ‘Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството“, додаде Пендаровски.

Можете да прочитате

Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ

Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

Битиќи: Пензионерите да се спокојни, просечната пензија ќе се зголеми на 30.000 денари