Утрински Весник
Македонија

Пендаровски најави победа во вториот круг на изборите

Iz Ava Pendarovski.jpg

Во првиот круг има рекорден број на кандидати на претседателските избори и не очекувам некој да добие во првиот круг, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, при отворањето на промотивниот штаб во центарот на Скопје.

Пендаровски очекува дека тој ќе победи во вториот круг на претседателските избори.

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат, најави дека за време на кампањата ќе посети 65 населени места и дека ќе оствари а првиот централен настан ќе го има вечерва во Прилеп.

„Очекуваме да имаме средби со илјадници наши граѓани и да им претставам што е мојата понуда за следните пет години. Некој ќе рече дека можеби преголемо претставување не е потребно од моја страна бидејќи имам зад себе петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што сум се залагал, што сум бил против, што сум поддржувал и од прилика знаат кој политички профил можат да очекуваат и во наредните пет години ако ми ја дадат довербата. Меѓутоа, јас мислам дека контекстот изминатите пет години се има малку променето и регионалниот и внатрешниот, се разбира и меѓународниот со војната во Украина и дека би требало да ги кажам новелирани моите ставови по некои прашања кои имаат посебна специфична политичка динамика“ изјави Пендаровски.

Можете да прочитате

Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување  

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците