Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ја честиташе победата на Сиљановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ

1715198676 Pendarovski.jpg
Screenshot

Сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, на прес-конференција по завршувањето на изборите го призна поразот и честиташе победа на Силјановска и на ВМРО-ДПМНЕ и им посака успешна работа.

Pet Utrinski

Сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за  жал не доби поддршка од граѓаните, но длабоко сум убеден дека само така Македонија може да биде просперитетна држава, рече Пендаровски. Тој додаде дека денеска биле спречени илјадници граѓани да го земат второто гласачко ливче.

Screenshot

– 100 илјади наши граѓани беа систематски оневозможувани да земат второ ливче. Тие се далеку поблиску до мојот политички концепт, отколку концептот на противкандидатката. Верувам дека на организиран начин беа попречени луѓето да гласаат и трката да биде далеку понеизвесна, кажа тој.

Како одговор на новинарско прашање, што ќе следи со неговата кариера по завршувањето на изборите, Пендаровски одговори дека се враќа на истото работно место пред да стане шеф на државата.

–  Се враќам на факултет, односно на универзитет каде што бев порано, откри Пендаровски.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија