Утрински Весник
Спорт

Пенал-рулетот за Македонија ЃП – „Лавовите“ го одбранија трофејот во Купот

Пенал-рулетот за Македонија ЃП – „Лавовите“ го одбранија трофејот во Купот
Ss2

Фудбалерите на Македонија ЃП ја одбрани титулата во Купот на Македонија. Во финалето „Лавоците“ славеа против актуелнот шампион Струга ТЛ по изведувањето на пенали. Натпреварот по 120 минути игра заврши 1:1, а пенал-рулетот и припадна на Македонија ЃП со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Македонија ЃП во првото полувреме, се определи за дефанзивна варијанта. Примарната цел иам беше да се затворат приодите кон сопствениот гол, а противникот го напаѓаа со брза транзиција.
Актуелните шампиони, фудбалерите на Струга ТЛ, не профитираа од тоа што го имаа поседот на топката. Имаа неколку полу-шанси Мерџани, Шабани и Мухарем.

Ss1

Македонија ЃП од една од ретките добри акции во првиот дел успеа да избори пенал. Топката во раката го погоди Кочоски, а судијата Стојчевски и покрај ѓестоките протести на стружани досуди пенал.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беша Мишевски во 28.минута.

По слично сценарио си играше и во втрото полувреме. Струга ТЛ ја имаше топката, но не успеваше да дојде до голот на Македонија ЃП. Од друга страна во периодот од 55. до 61.минута „лавовите“ имаа можност да постигнат гол преку Фазли и Стојкоски.

Иницијативата стружани ја материјализираа во 78.минута Незири нафрли од десната страна, Стефковски го одбрани ударот на Радиќ, но на одбиената топка налета Јусуфи и ја смести во голот.

До крајот немаше возбудувања, па натпреварот влезе во дополнителните 30 минути.

На стратот од првото продолжение, Радески се обиде од 20.метри, топката одеше во Стефковски кој лесно интервенираше. Девет минути подоцна се обиде стрелецот на израмнувачкиот гол, Јусуфи, но неговиот удар ззаврши над голот.

Македонија ЃП, првата закана во продолжението ја имаше во 103.минута Самаке, неговиот удар одеше по средните на голот. Ќосески лесно одбрани. Во наредниот напад Шабани од добра позиција упати непрецизен удар.

Илиески имаше добра шанса за Македонија ЃП во 106.минута, но неговиот удар беше блокиран и заврши во корнер. Ова беше единственото нешто што се случи на теренот до крајот на продолжението.

Струга ТЛ: Таири (над голот), Радески (греда), Незири (греда), Шабани (Стефковски брани )

Македонија ЃП: Мишевски (Ќосевски брани), Личина ((0:1), Алексовски (брани Ќосевски), Скендери (0:2).

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале