Утрински Весник
Македонија

„Огнените“ од ДУИ: Не се „самоисклучивме“, за тајната средба и одлуките дознавме од медиумите

Меџити нема дилема дека Ахмети треба да остане лидер на партијата
300x250 (7)

Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорност ја информираме јавноста дека:

dobivaj vesti na viber

1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут,

300x250 (7)

2. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата,

3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско.

4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури.

Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут, велат од Фракција на Демократската унија за интеграција како што е потпишано соопштението.

– Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении. Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција, додаваат „Огнените“ во дописот до медиумите.

 

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти…

Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?