
Министерството за трговија на Кина во саботата изрази „силно противење“ на вклучувањето на кинеските субјекти во 20-тата рунда санкции што ги воведе Европската унија против Русија, барајќи нивно итно отстранување од листата.
Пакетот санкции на ЕУ ги таргетира добавувачите на критична високотехнолошка стока од трети земји, вклучувајќи ги и субјектите со седиште во Кина, обвинети за снабдување со стока со двојна намена или системи за оружје на рускиот воено-индустриски комплекс.
„Овој потег е спротивен на духот на консензусот постигнат меѓу кинеските и лидерите на ЕУ и сериозно ја поткопува меѓусебната доверба и целокупната стабилност на билатералните односи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија.
Министерството предупреди дека ќе преземе „неопходни мерки“ за заштита на кинеските компании, нагласувајќи дека „сите последици ќе ги сноси ЕУ“, се додава во соопштението.


