Утрински Весник
Македонија

Породилниот надомест повторно доцни, алармира Левица

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на наталитетот”, во пракса нивните неспособни функционери дозволуваат мајките да чекаат без основни средства. Скандалозни се информациите дека породилниот надоместок повторно доцни со недели, а Фондот за здравствено осигурување молчи. 


Денес е 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за март. Тие укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека „секој ден се очекува исплата”, која сепак не се реализира за сите. Исплатите се вршат селективно, по нејасни „групи”, без транспарентни критериуми. Некои мајки добиваат средства навреме, додека други чекаат две до три недели или повеќе. Не постои фиксен датум за исплата, туку секој месец мајките го дочекуваат со  неизвесност. 

Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките. Потсетуваме дека претходно пратениците на Мицкоски го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост! Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив.

Левица јавно ги прашува министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО Сашо Клековски – зошто повторно доцни породилниот надоместок? Дали ова потврдува дека буџетот е празен поради расипничкото работење на власта и цехот за тоа го плаќаат мајките со неизвесност и несигурност?

Можете да прочитате

Синдикатот на културата повикува на протест пред Уставен суд

Притвор за шест лица поврзани со случајот со нелегален ботокс

Тинејџерка од БиХ џепарела низ Охрид