Утрински Весник
Македонија

„Патриотски манифест“: Орбан најави нов десничарски блок во Европскиот парламент

1708684902 Viktor Orban.jpg

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан престојува во Виена за да го промовира „Патриотски манифест“ со Херберт Кикл, лидер на австриската крајнодесничарска Партија на слободата, и Андреј Бабиш,  поранешен премиер на Чешка.

Орбан, Кикл и Бабиш го потпишаа „Патриотскиот манифест“ изутринава во Виена, обидувајќи се да формираат најголем крајнодесничарски блок во Европскиот парламент.

Говорејќи за ТВ ФПО, Орбан денеска изјави дека ќе формира нова политичка сила, која според него ќе стане најголемиот десничарски блок во Европскиот парламент.

Унгарските медиуми претходно пишуваа за тоа дека Виктор Орбан работи на создавање нова фракција во Европскиот парламент. Освен австриските и чешките конзервативци и десничари, фракцијата треба да ја сочинуваат и претставници на партијата на словачкиот премиер Роберт Фицо, како и полската партија Право и правда (ПиС) која ја води Јарослав Качински.

Орбан и неговите сојузници на ниво на Европската унија изразија големо незадоволство од распределбата на позициите по изборите, кои претежно им припаднаа на функционерите од Европската народна партија (ЕПП) и Социјалдемократите. Ваквата распределба Орбан ја окарактеризира како удар врз цела Европа и нејзините вредности.

Можете да прочитате

РЕК Битола работи со еден блок

РЕК Битола работи со еден блок

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)