Утрински Весник
Македонија

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила

Xmltk Thumbnail 24072021 Pvrsm Zaev Pocetok Na Regkonstrukcijata Na Patot Resen Ohrid 5.jpg

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила, соопштуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Попов ја запроси својата сакана Моника – „Кажа ДА!“

АХВ: Нема токсична туна во Македонија

Колку е безбедно да се шетате ноќе во Македонија? Еве што покажуваат статистиките!