Утрински Весник
Свет

Патнички воз се судри со товарен воз во Романија, има повредени

Патнички воз се судри со товарен воз во Романија, има повредени

Во железничката несреќа што се случи рано утринава во Романија повредени се 12 лица, од кои четворица се хоспитализирани, соопшти денеска Инспекторатот за вонредни состојби.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во близина на патот Арад – Букурешт, кога патнички воз со 280 патници се судрил со товарен воз полн со автомобили.

Три вагони на товарен воз што превезувал моторни возила излетале од шините, изјави Лаурентин Думитру, директор на Романската агенција за истрага на железницата, која ги истражува причините за инцидентот.

„Патничкиот воз поминал на знакот „стоп“, го престигнал товарниот воз и силно удрил во него“, рекол Думитру, пренесува „Аџерпрес“.

Двајца повредени, 46-годишен маж и 30-годишна жена се пренесени во болницата во Александрија со повреди на главата и екстремитетите, а уште две лица, 59-годишен маж и 61-годишна жена, се пренесени во општинската болница во Рошиора де Веда, со повреди на нивните екстремитети.

Останатите патници со минибуси биле однесени до станицата Рошиори, а оттаму се качиле во друг воз за да ги однесе до нивната дестинација.

Можете да прочитате

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Путин: Распоредуваме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Невреме во Хрватска, град и снег ги побеле населбите покрај Јадранот