Утрински Весник
Балкан

Партиски лидер и пратеник украл таен документ од службите во албанскиот парламент, суспендиран на 60 дена

20260728112333 big 730x400 61.webp.webp

Лидерот на партијата ” Можност” и пратеник во албанскиот парламент, Агрон Шехај, пред вчерашната пленарна седница го украл тајниот документ за договорот со САД за кредит од 302 милиони долари, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи.

Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите,  покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот,  брзајќи по него паѓа.

Вработените во обезбедувањето први и притрчале на помош, бидејќи Шехај избегал.

Договорот беше изгласан со 74 гласови, од пратениците од владејачката Социјалистичка партија, откако  собраниската сала на напушти опозицијата. Расправата беше без присуство на медиумите поради класифицирани податоци во документот. Средствата се наменети за модернизација на албанската армија.

Секретаријатот за процедури, гласање и етика во Собранието, донесе одлука со која го суспендира Шехај  на 60 дена од учество на пленарни седници и состаноци на парламентарните комисии. Тој може да одговара и кривично.

Од друга страна, Шехај ги негира обвинувањата, наведувајќи дека неговите постапки имале за цел да го осудат недостатокот на транспарентност во врска со документацијата за договорот и кршењето на Уставот за негово донесување по итна постапка.

Можете да прочитате

Нови откритија во древна Троја во годината кога „Одисеја“ повторно го оживува светот на Хомер

Прелиминарна истрага за ветерните електрани низ цела Грција, по големиот пожар во Виотија што започна од ветерница

Осум обезглавени тела пронајдени во јама покрај нелегален рудник во Еквадор